УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

 

Ефективен ден: 1ви, Април , 2019

Верзија 1.0

 

Држви/Територии: САД, УК, Австриjа, Италиjа, Холандиjа, Норвешка, Шваjцариjа, Германиjа, Белгиjа, Франциjа, Финска, Шпаниjа, Португалиjа, Ирска, Чешка, Данска, Грциjа, Унгариjа, Полска, Романиjа и Турциjа.

 

  1. Општи одредби

Овие услови на користење се однесуваат на вашиот пристап и користењето на апликациjата, веб-страната и останатите технологии  каде овие услови на користење се споменуваат (обично познат како сервис). Сервисот е во сопственост и опериран од страна на Форд Мотор компаниjата, познато како “оператор” подолу. ( Форд, ние, нас)

Сервисот може да интегрира останати услуги и уреди и овие карактеристики може да се предмет на дополнителни услови за користење, кои ќе бидат достапни при конектирање со таа карактеристика.

 

  1. Договор

ОВА Е ЛЕГАЛЕН ДОГОВОР ПОМЕЃУ ВАС И ФОРД.

 

Со користењето на нашите услуги се согласувате со условите на користење, вклучително и условите на користење кои се порзани со вашата држава и нашата приватна политика.

 

Доколку не се согласувате со нашите услови на користење ве молиме да не ги користите нашите услуги.

 

  1. Квалификациjа/ Акаунт

За да се квалификувате за употреба на нашите услуги потребно е да живеете во држава каде што услугите се достапни. Потребно е да сте полнолетни во вашата држава на живеење и легално да сте во состоjба да се стапите во договор (постоечките закони да не ве ограничуваат од стапување во договор).

 

Доколку вие дадете дозвола/овластување за користење на личност коjа што е малолетна, вие сте одговорни за начинот на коj тоа лице jа употребува апликациjата. Вие сте одговорни за одржување на приватноста на вашиот акаунт и лозинката, како и за пристапот до вашиот компјутер или мобилен уред.

 

Вие сте одговорни за сите активности направени од вашиот акаунт, дури и активностите кои потекнуваат од неовластени користења. Доколку забележите неовластена активност на вашиот акаyнт се согласувате да не известите во најбрз можен рок.

 

Трето лице акаунт и сервис – сервисот може да вклучува линкови до продукти на трето лице веб-страни, вклучуваjки услови за вашата локација. Ние не сме одговорни за активностите на третото лице, информациите кои ги нудат, нивната легитимност, доколку не сме предходно исвестени дека тие информации се нелегални или опасни.

Таквите линкови не треба да си сметате дека се одобрени од нас.

 

Сервисот ќе ви овозможи да внесете профилни информации и одредени параметри. Вие не смеете да создадете корисничко име или да внесете непристоjни или несоодветни информации. Доколку сметаме дека информациите кои се внесени се непристојни или несоодветни ние го задржуваме правото да ве одстраниме од сервисот и услугата. Вие сте одговорни за начинот на користење на сервисот преку вашиот акаунт и преку акаунтите на кои имате дадено овластување за користење.

 

 

  1. Достапност / Ограничувања и граници/ Ажурирање

 

Форд го задржува правото да забрани услуга на било кое лице, географски регион или jурисдикциjа.

 

Достапност на карактеристики/ предмет на промена. Не сите карактеристики се достапни на сите маркети. Функционалноста е ограничена со способноста и компатибилноста на возилото, мобилниот уред и мрежното покривање.

 

Хардвер и барање за компатибилност. Користењето на услугата налага компатибелен интернет пребарувач, компjутер, мобилен уред, пристап до итернет и софтвер. И може да налага надополнувања на апликациjата од време на време. Вие се согласувате дека барањата на системот можат да се променат во било кое време и е ваша одговорност да ги исполните тие услови.

 

Користење и наплата за дата. Вашиот интернет проваjдер може да ви наплати за пристап до сервисот, исконтактираjте го вашиот интернет проваjдер во врска со наплата поврзана со употреба на нашиот сервис.

 

Согласност со законите.  Ваша одговорност е да сте во согласност со законите во државата на живеење. Доколку доjдете до материjал преку сервисот коj е нелегален во вашата држава се согласувате истиот да не го користите.

 

  1. Безбедност

Внимание: Вие треба да го користите сервисот кога е безбедно. Не читаjте пораки на рачно држени уреди при раководење на возило или велосипед.

 

 

 

  1. Комуникациjа и корисничко поднесување

 

Сервисот ви овозмозува да комуницирате со нас преку апликациjата. Доколку одберете да не исконтактирате се согласувате да бидете исконтактирани на начин на коj вие сте одбрале. Форд може да ви испрати маркетинг е-маилови, предмет на законот за заштита на лични податоци. Вие од истите тие е-маилови може да се одчлените.

 

Корисничко поднесување. Вие може да ни поднесете информации и материjал преку сервисот (корисничко поднесување). Доколку материjалот или идеите се класифицирани ве молиме да не го поднесувате. Ние имаме право тоj материjал да го употребуваме во светски размери, неповратно, за чување, копирање, дистрибуциjа и обjава без да платиме авторски права или останати начини кои сметаме се соодветни за употреба на тие кориснички поднесувања во контект со сервисот и во согласнот со законите за заштита на податоци во нашата Приватна политика. Ние исто така може да овластиме трето лице да го употреби тоj материал или информациjа. Ве молиме не ни испраќате класифициран материjа. Вие се согласувате да не ни испраќате непристоjни и несоодветни материjал или информации.

 

 

  1. Лиценца за ограниченост

 

Услугите, материјалот, информациите и софтверот достапни при поврзување со сервисот (вклучувајќи ја и веб страната) (Форд материјал) е во наша сопственост или се користи под лиценца.

 

Предмент на вашата согласност со овие услови на користење и останати дополнителни услови предходно споменатие е ограничен пристап да гледате и слушате не-еклузивен, не-пренослив материјал и користење на Форд материјалот за ваша лична употреба. Вие се согласувате да не ги оспорите нашите права на сопственост и права на Форд содржините.

 

Вие не смеете, нити пак да дозволите на трето лице:

 

  • Злоупотребите сервисот, нелегално користите или да се вмешате во соодветното користење на другите корисници и да ги нарушите нивните права.

 

  • Употреба на било какви автоматски алатки или роботи за колектирање на информации, и пристап до сервисот, креирање на датабаза, спуштање и чување на Форд материјалот освен лиценцираните погоре. Темпирање на содржината на Форд и ектракција кодови поврзани со структурните делови на Форд на било кој начин се предмет на задолжителните закони за авторски права.

 

  • Нарушите или оштетите бизнис операциите и репутацијата на нашите дилери, нивните вработени и сервис провајдери.

 

  • Употреба на сервисот на недозволен начин.

 

  • Препродажба, копирање, чување, дистрибуција, објава, емитување, пренесување или креирање на деривативни работи од материјалот достапен преку сервисот.

 

  • Модифицира, размонтира и подеси хардвер што интерферира со сервисот

 

  1. Регистрирани заштитни знаци

 

Сите заштитни ознаки и логоа кои се појавуваат на овој сервис се регистрирани заштитни имиња и се во наша сопственост.

 

  1. Назначени агенти за Авторски права

 

Ако сметате дека содржината на сервисот ги прекршува вашите авторски права ве молиме да го исконтактирате на писмен начин нашиот агент одговорен за Авторски права.

 

Агент:

DMCA Агент

Градска централна улица бр. 330

Диборн, Mчиген 48126

e-mail address: DMCA@FORD.COM

Телефон: 313-322-7162

Факс: 1-313-322-7162

 

 

  1. Трето лице корисници

 

Вие не сте трето лице корнисници и овие услови на користење не ви даваат никакво право против нашите овластени дилери, сервис провајдери или подружници, во согласност со овие услови нити еден он нив нема правна одговорност кон вас.

 

Напротив, нашите подружници, афилијати, агенти и сервис провајдери се заштитени со овие услови на користење особено со ограниченост за сервисот и услугите и ограничена одговорност.

 

  1. Обештетување

 

Во максимален степен кој го дозволува законот, со користење на сервисот се согласувате дека ние, дистрибутерите, дилерите, добавувачите, партнерите и останати подружници спомати на овој сајт во никој случај нема да бидат одговорни за било какви оштети (вклучувајќи надоместоци за адвокати) кои потекнуваат од вашето користење на сервисот.

 

Вие се согласувате дека вашиот App Store провајдер нема никаква одговорност кон вас при вашето користење на сервисот.

 

  1. Ограничена Одговорност

 

Форд ќе употреби значителни техники и мерки да се осигура дека Сервисот е безбеден за употреба без да предизвика оштета на вашиот уред или на содржината зачувана на вашиот уред.  Форд не гарантира дека сервисот ќе биде без бубачки и вируси ( bugs; viruses).

 

Форд ќе употреби значителни вештини при обезбедувањето на услуги директно до вас.

 

Форд не прифаќа никаква одговорност за било какви штети кои потекниваат од вашето непотчитување и прекршувањето на договорот.

 

Форд е одговорен за оштети кои потекнуваат од нашата неспособност да сме во согласност со условите за користење споменати овде, на апликацијата, на веб страната или сервисот.

 

Форд не гарантира дека услугите ќе бидат достапни непрекинати во полна работна состојба во секое време и не е одговорен доколку не успее да ги исполни своите обврски во согласност со условите на користење доколку причините кои го преизвикуваат ова се надвор од нашата контрола. Во ваков случај сме овозможени со продолжено време за исполнување на нашите обврски. Форд исто така го задржува правото да го модифицира сајтот или апликацијата во било кое време. Ние не сме одговорни доколку сајтот, апликацијата или сервисот не се достапни или модифцирани на било кој начин.

 

Вие се согласувате да го користите сервисот и апликацијта за ваша лична употреба и нема да ги користите на друг начин, како на пример за препродажба или комерцилана употреба. Ние не сме одговорни за било какви штети кои потекнуваат од вашето користење различно од корисник.

 

За избегнување на сомнеж, ние сме исклчително одговорни за оштети кои потекнуваат од прекршување на договорот.

 

Ништо во овој договор нема да ја ограничи одговорноста на Форд во случај на:

 

А) Смрт или повреда како последица на небрежност на Форд

 

Б) Измами и лажни претставувања

 

В) Секоја друга одговорност која не може да виде исклучена и е ограничена со соодветните закони

 

ВО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН КОЈ ГО ДОЗВОЛУВА ЗАКОНОТ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, НИЕ, НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, ПОДРУЖНИЦИ, АКЦИОНЕРИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ИЛИ АГЕНТИ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА ДИРЕКТЕН, ИНДИРЕКТЕН, ПОСЛЕДИЧНИ И СЛУЧАЕНИ ШТЕТИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД.

 

НЕКОИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ПРИЗНАВААТ ВАКВИ ИЗВЕСТУВАЊА ИЛИ ГАРАНЦИИ ВО СОГЛАСНОСТ СО НИВНИТЕ ЗАКОНИ, ЗАТОА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ СЕ ОДНЕСУВА ДО НАЈВИСОК СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ПОСТОЕЧКИОТ ЗАКОН.

 

Оваа секција не е наменета да ги наруши вашите легални права како потрошувач. Оваа секција треба да се прочита заедно со постоечките закони за потрошувачи во вашата земја на живеење, бидејќи некои делови опишани погоре можеби не важат за вас. НИШТО ВО ОВИЕ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА НАШАТА ОДГОВОРНОСТ  ЗА БИЛО КОЈА ОШТЕТА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ИЛИ ОГРАНИЧЕНА СО ПОСТОЕЧКИТЕ ЗАКОНИ.

 

  1. Избор на право, Јурисдикција

Сите спорови поврзани со овие услови на користење треба да бидат разрешени во Wayne County, Michigan со исклучок на споровите за кои со закон е задолжително да се решат во локалното место. Се додека сервисот е достапен во вашата земја на живеење и вашата земја е дел од Европската Унија вие имате право да ги разрешите споровите во вашите локални законодавни установи.

 

  1. Закон за контрола на извоз

 

Содржината и информациите добиени преку сервисот вкучително на цените, карактеристиките, продуктите и сервисот може да не се достапни за надвор од САД. Вие се согласувате да сте во согласност со правилата за извоз и увоз, вкулучително на Администрацијата за регулација на извоз одржувана од страна на Комерцијалната Комора на САД, економските и трговските санкции одржувани од страна на Канцеларијата за конторла на надворешни средства при Министерството за финансии и Интернационалната регулатива за оружје при државниот одел на САД.

 

Истотака гарантирате дека не се наоѓате во држава која е предмет на владино ембарго или држава која се смета подржувач на терористичките групи или не сте дел од забранети групи во согласност со законите и регулациите опишани погоре.

 

 

  1. Надополнувања и ажурирање

 

Ние го задржуваме правото да направиме надополнувања или ажурирање од време на време. Ви советуваме да се консултирате редовно со Условите на користење на следнава адреса: [             ]за да се осигурате дека ги разбирате условите што важат во тој момент.  Кога ние имаме ваши контакт информации како дел од сервисот, ние ќе ве исвестиме навремено за промените на условите.

 

Ние може да направиме мали промени на условите на користење

 

  • Да рефлектираме промени во постоечките закони или регулативи
  • Да имплементираме мало техничко прилагодување и надополнувања, како на пример, да се справиме со безбедносни закани, без сериозно да влијаеме на вашето користење на сервисот.

 

Ако направиме значителни промени на овие услови на користење на сервисот (ажурирање на условите)

 

А) Доколку користите дел од сервисот кој е достапен за јавноста, со вашетто користење по ажурирањето вие се согласувате со промените на условите и ние сметаме дека вие сте во согласност со истите.

 

Б) Доколку користите дел од сервисот на база на претплата тогаш ние ќе ве исвестиме за измените на условите на користење, најмалце 60 дена пред истите да стапат на сила со означен закон кога измените се ефективни. Тогаш вие имате право да се согласите со условите на користење или да не се согласите под следниве услови:

 

  • Ако се согласите со ажурираните услови можете да продолжите со употреба на услугите. Со вашето користење на услугите по ефективниот датум ние ќе сметаме дека вие сте во согласност со ажурираните услови.
  • Доколку не сте во согласност со ажурираните услови мора да престанете со употреба на нашите услуги како и со спуштниот материјал по ефективниот датум. Во овој случај ние ќе сметаме дека Договорот престанува да постои без никаков надоместок. Со исклчок на следново: а) доколку сте се претплатиле предвремено за извесен временски период, можете да ги користите нашите услуги за тој временски период б) доколку имаме договор да извршуваме услуги како на пример поправка на автомобилот, тогаш ќе продолжиме со овие услуги во согласност со договорот. Во било кој од овие два случаеви ажурираните услови нема да важат за вас за тој временски период.

 

Ние може да побараме од вас да ажурирате електронски материјал, дадено дека истиот ќе остане ист по опис, како и пред вашето купување.

 

Доколку не се согласувате со измените на условите или услугите, вашиот единствен избор е да престанете со употреба на нашите услуги.

 

 

  1. Раскинување на договорот

 

Ние може да го прекинеме договорт со вас во било кое време на писмен начин, вклучувајќи е-маил.

Со бришерње на апликацијата или деинсталирање на сервисот од вашиот уред вие не го прекинувате договорот и нема да ја изгубите конекцијата (измеѓу Форд и вашиот автомобил).

 

Доколку го прекршите или повредите договорот ние имаме право да ве одстраниме од услугите во било кое време без нотификација и без надоместок. Во максимален степен во согласност со законот вие имате право да докажете дека ние сме претрпеле помалце штета како последица од вашето однесување.

 

Форд го задржува правото да ве одстрани или суспендира од сервисот или услугата во било кое време, или да одстрани одредени карактеристики или содржини на наша дискреција.

 

Овој договор важи се додека не е раскинат од наша или ваша страна. Вие може да го раскинете овој договор во било кое време, вие треба да не исвестите по писмен пат дека сакате да го затворите вашиот акаунт. Ние ќе го обработиме вашето барање и ќе се осигураме дека вашиот акаунт е затворен и немате пристап до услугите и сервисот.

 

Ние може да го прекинеме овој договор или да суспендираме карактеристика, дел или сервисот во целост во било кое време со писмена нотификација порад следниве причини:

 

А) Вие извршите сериозен престап или постојано ги прекршувате условите од овој Договор, без успешно да се поправат грешките во рок од 5 дена одкако е побарано од вас тоа да го направите.

 

Б) Постои сомнеж дека вие ќе го злоупотребите или манипулирате сервисот или услугите

 

В) Доколку ние одлучиме повеќе да не нудиме услуги преку апликацијата или веб страната

 

По раскинувањето на овој договор и затворањето на вашиот акаунт вие имате право да го повратите коричничкото име кое го имате креирано за други корисници.

 

  1. Останато

 

Целосен Договор. Овие Услови на користење (вклучувајќи ги и дополнителните услови на користење и приватната политика се целокупниот договор во врска со овие услуги.

 

Поделба и одрекнување. Доколку судот одлучи дека некој од условите на користење се нелегални таквите услови ќе бидат одстранети, а останатите услови ќе останат исти и во полн ефект. Доколку ние направиме пропуст во спроведувањето на одредени услови тоа не значи дека истите се неважечки.

 

Доделување. Ние може да ги доделиме овие услови на користење во целост или делумно на било кого. Вие не смеете да ги предадете вашите обврски кон овие услови на користење на друга личност без наша дозвола.

 

  1. Софтвер на трето лице

Сервисот може да содржи или заснова во целост или делумно на софтвер од трето лице. За подетални информации обратете се на Апендикс А, обврски и рестрикции при користење на трето лице софтвер.

  1. Навигација преку трето лице и локација

Сервисот може да користи информации од трето лице страни, како на пример Мапи и Насоки за да овозможи употреба на одредени карактеристики. Овие информации не секогош се точни.

 

Ние не сме одговорни за точноста за инфомации која потекнува од трето лице страни.

Доколку користите Google Maps вие се сложувате со условите на користење на Google нивната приватна политика. Доколку ГПС-от е вклучен, истиот може да се искористи за одредување на вашата локација и исполнување на вашите налози за лоцирање и слично.

 

  1. Оператор / Контакт

Сервисот е раководен од страна на Форд Мотор Компанијата, ул. Американска бр. 1, Диборн, Мичиген, 48126, САД.

 

Доколку имате коментари, жалби, прашања во врска со услугите вие може не исконтактирате, за наоѓање на нашата локална контакт информација обратете се на:

 

Форд Травел HQ, раководено од Велингтон

844-802-1203

info@fordtravelhq.com

 

 

  1. Интерференција

 

ВНИМАНИЕ: СЕКОЈ ОБИД ЗА НАМЕРНО УНИШТУВАЊЕ НА СЕРВИСОТ И УСЛУГИТЕ, КАКО И ОБИД ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА НАШИОТ БИЗНИС, ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА КРИМИНАЛНИТЕ И ЦИВИЛНИТЕ ЗАКОНИ И НИЕ ГО ЗАДРЖУВАМЕ ПРАВОТО ДА СОРАБОТУВАМЕ СО ЗАКОНОДАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ПРОСЛЕДУВАЊЕТО НА СЛУЧАЈОТ ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН.

 

  1. Разрешување на онлајн спорови

 

Ако сакате да дознаете повеќе за разрешавање на онлајн спорови, ве молиме проследете го овој линк до страната на Европската Комисија: http://ec.europe/consumers/odr/.

Овој линк е достапен исклучително за информациски услуги, задолжителен според Европскиот Парламент и совет, Регулација (Европа) Бр. 524/2013. Ние не сме обврзани да учествуваме во разрешавање на онлајн спорови.

 

Во согласност со спогодбата вие имате право да искористите медијатор за решавање на спорот. Во согласност со Л 616-1 (L 616-1) од Францускиот код за потрошувачи , ве информираме дека медијаторот кои ние го имаме избрано е  Мидијатор ЦМФМ, ав. Италија бр. 19, Париз, 75013 (Mediation CMFM, 19 avenue d’italie, 75013 Paris, sur internet) www.cmfm208@orange.fr

 

 

  1. Право на повлекување договорот

 

Дополнително на правото да го прекинете овој договор вие исто така имате право да се повлечете од овој договор. Секцијата подолу го објаснува вашето право на повлекување и како да го искористите истото. Исто така вклучува стандард форма која може да ја искористите при повлекување од договорот. Надоместок ќе следува само доколку ние имаме добиено средства од вас.

 

Вие имате прав да се повлечете од овој договор во тек на првите 14 дена без причина. Правото на повлекување истекува после овие 14 дена.

Доколку сакате да се повлечете од договорт ве молиме исконтактирајте не на:

 

 

Форд Травел, раководено од Велингтон

844-802-1203

info@fordtravelhq.com

 

Вашето барање за повлекување од Договорот мора да вклучува соодветна причина ( барањето треба да е испратено преку емаил, пошта или факс). Вие може да ја искористите модел формата за барање но, не е задолжително.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

БАРАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ

 

Пополнете го ова барање само ако сакате да се повлечете од договорот.

 

До:

 

Форд Травел HQ , раководено од Велингтон (Ford Travel HQ, Operated by Wellington)

844-802-1203

info@fordtravelhq.com

 

 

Јас со ова писмо се согласувам да се повлечам од мојот договор за користење на услугите и сервисот.

 

  • Нарачано на______________________________
  • Име на корисникот_______________________________________
  • Адреса на корисникот ______________________________________________
  • Потпис на корисникот/корисниците ( доколку ова барање е по писмен пат)____________________________________
  • Датум ____________________________